За осми ден по ред Централната банка на Кина продолжува да ја намалува својата валута. Официјалниот курс на доларот денес е 7.0211 јуани.

Тоа е најнискиот курс на кинеската валута од 2 април 2008 година, пренесува руски ТАСС.

Бегајќи од политичките ризици на доларот, Русија потроши добар дел од своите резерви во злато, но околу 5% во кинески јуани.

Загубите на Русија од најновите валутни потези во Кина се мерат во милијарди долари.

Во текот на 2018 година Русија го зголеми уделот на еврото во своите девизни резерви од 21,7 на 37,7%, а уделот на јуанот од 2,8 на 14,2%.

Според руските финансиски експерти претходно оваа година, јуанот бил еквивалент на 67 милијарди долари руски резерви.

Овие резерви достигнаа 518 милијарди американски долари во јуни годинава, а на 2 август 2019 година, според веб-страницата на Централната банка на Русија, тие резерви изнесувале 516,8 милијарди долари. Овие резерви се зголемија за 45% во последните четири години.

Бидејќи Централната банка на Кина започна да ја амортизира својата валута, девизните резерви на Русија изгубија вредност од околу 2 милијарди долари.

Сепак, Русија продолжи да акумулира резерви на злато оваа година Според неофицијалните податоци, Централната банка на Русија ги зголеми своите резерви на злато во изминатите неколку месеци за 4-5 тони неделно. Цената на златото се зголеми за 17% во вториот квартал од оваа година.

Според Светскиот совет за злато, побарувачката за злато се зголемила (8%) во вториот квартал од оваа година, при што најголемите клиенти се централните банки (224,4 тони), со тоа што го водат централните банки на Русија, Кина, Турција и Казахстан.

 

Забрането превземање на содржината без претходно одобрение од редакцијата на БанкоМетар.мк