Цените на нафтата во понеделникот паднаа под нивото од 35 $ по објавувањето на слабите економски податоци од Кина и пригушените изгледи за итен состанок на Организацијата на извознички на нафта (ОПЕК).
На лондонскиот пазар цената на нафтата се намали за 1,12 $ и изнесуваше 34,87 $. На американскиот пазар се тргуваше за 1,32 $ пониска цена, од 32,30 $.
Новите податоци од Кина покажуваат дека активноста во секторот производството во јануари е намалена, најмногу од 2012 година, зголемувајќи ја загриженоста околу побарувачката на нафта од втората по големина економија во светот, а во контекст на прекумерна понуда на светскиот пазар.
Покрај тоа, расположението на нафтените пазари го пригуши изјавата на еден висок претставник на ОПЕК дека е премногу рано да се зборува за итен состанок на картелот.
Минатата недела, цените на нафтата скокнаа откако руските официјални лица изјавија дека Саудиска Арабија, водечкиот производител во ОПЕК, поднела предлози за управување на производството. Од Москва упатија порака дека тие се подготвени да се зборува за оваа тема.
Иран, исто така членка на ОПЕК, минатиот месец се врати на пазарот по години на санкции и се уште не е подготвен да го намали производството. Поради неговото враќање на пазарот, производството на ОПЕК скокна до 32.6 милиони барели дневно, со што вишокот на понудата на зголемени.