Најголемиот скок во бројот на иновации во изминатите години бил кај кинеските електрични автомобили. Според студијата, Фолксваген и БМВ исто така напредувале, додека Тесла назадува.
Производителите на автомобили од Кина не само што настапуваат со сé поагресивни цени во Европа, туку напредуваат брзо и во технолошки поглед. Со огромна брзина се топи заостатокот што тие го имаа порано зад европските производители.
Меѓу 2021 и 2023 година, најголем раст во бројот на иновации кај електричните автомобили постигнале неколку кинески производители. Тоа го заклучува студијата што беше објавена во средата и изработена е од ценетиот Центар за автомобилски менаџмент, под раководство на Штефан Брацел. Главното внимание во истражувањето, што покрива неколкугодишен временски период, поставено е на досегот, потрошувачката и брзината на полнење.
Најголем раст има кај концернот Џили (+51,8 индексни бодови), по нив следат САИЦ (+35,4 бодови), концернот Фолксваген (+33,5 бодови), БМВ (31,3 бодови) како и БИД (25,2 бодови) и Тесла (25,2 бодови).
Нисан и Тојота „палат“ доцна
Вистина е дека Тесла и и натаму е на првото место според вредноста на индексот на иновации, но се топи растојанието од електро ривалите.
Кога ќе се соберат сите истражувани иновации, концернот Фолксваген сега е на 2-то место, пред Џили, Бид и концернот на Киа и Хјундаи. Во истражувањето беа опфатени 512 иновации кај сериски автомобили во 2023 година, што се оценуваа одделно.
Мерцедес се најде на 7-то место, додека ривалот БМВ напредуваше значително до 8-то место. Групацијата Стелантис останува на 9-то место, додека Џенерал Моторс падна на 10-то место.
Во подрачјето на електромобилноста, Тојота и Нисан доцна фаќаат чекор, и во студијата се пласирани на 19-то и 21-то место.
Фолксваген ИД.7 е посебно штедлив
Според раководителот на студијата Брацел, со иновативноста најмногу се издвојува концернот Џили. Моделот Зикр 009 е прво возило во светот, што е опремено со новата катерија Килин 3.0 од КАТЛ. Со неа, луксузниот ван минува до 822 километри според кинескиот циклус ЦЛТЦ.
Кај БИД, Брацел посебно ја одликува технологијата Сел-ту-Бади (ЦРБ) кај новитетот Денца Д9, со досег од 620 километри и моќност за полнење од 166 кВ.
Од концернот Фолксваген, најмногу бодови освојува ФВ ИД.7, што со потрошувачката од 14,1 кВч/100 км е најштедлив модел во сегментот.
Не само поиновативни, туку и поевтини
„Се покажува дека најиновативните производители на автомобили во подрачјето на батериските електрични возила во моментов се вбројкуваат и меѓу пазарните лидери во е-мобилноста,“ заклучува Брацел во својата анализа. Покрај моќта за иноваирање, за идниот пазарен успеј има важна улога има и ниската продажна цена.
„Некои кинески производители во моментов поентираат кај двата фактори за успех. Тоа ги поставива конкурентите пред двоен предизвик: Тие мораат да бидат поиновативни, исто колку што се поскапи.“