Активноста во кинескиот производствен сектор се намали во април за прв пат во три месеци, како одраз на падот на вработеноста и отворањето на нови бизниси, според истражувањето на Стандард и Пурс Глобал, цитирано од ДПА.
Каиксин ПМИ за април падна на 49,5 од 50 во март. Линијата од 50 точки го дели проширувањето од контракцијата во економијата. Официјалниот ПМИ индекс објавен претходно во неделата од страна на кинеското Национално биро за статистика, исто така, покажа дека производствениот сектор во земјата влезе во период на контракција, но непреработувачкиот сектор останува силен, пренесува БТА.
Податоците покажаа дека производствениот ПМИ во април падна на 49,2 поени од 51,9 поени во март, а непроизводствениот ПМИ дојде на 56,4 поени од 58,2 поени во март.