Кипарскиот министер за внатрешни работи Костантинос Петридис објави дека земјата се подготвува да одземе државјанство на 26 странски инвеститори.

Тие добија кипарски пасоши во рамките на програмата за поголеми инвестиции.

Петридс им рече на новинарите дека кипарските власти, исто така, ќе ги испитаат сите инвеститори на кои им бил издаден кипарски пасош пред 2018 година кога биле воведени построги критериуми за државјанство.

Истрагата е покрената по извештаите во медиумите дека некои инвеститори може да бидат вклучени во перење пари или блиски до авторитарните влади, пренесува АП.

Кипарскиот претседател неодамна призна дека може да има „грешки“ при издавање вакви „златни пасоши“.

Министерот Петридис рече дека тричлена комисија ќе ги разгледа резултатите од истрагата за да утврди дали овие 26 пасоши, или кој било друг пасош, биле доделени според врз основа на не толку строги критериуми.

 

Забрането превземање на содржината без претходно одобрение од редакцијата на БанкоМетар.мк