Почитувани читатели на БанкоМетар.мк
Ја затвораме последната анкета која ја спроведувавме во месец јули 2019 година и која гласеше : Кое е најдобро финансиско друштво во Македонија ? Во предвид ги земавме сите параметри во смисол на Вашето искуство со финансиските друштва во Македонија, како што се : Стапка на Вкупни Трошоци ( СВТ ), брзина на услугата, професионален однос на вработените, погодности при одобрување и враќање на кредитот, ниво на комплетност на понудата и услугата, и севкупно корисничко искуство од страна на клиент и резултатите од гласањето се следните:
- СН Финансии – Битола 145 гласови ( 44% од вкупните гласови )
- Tigo 130 гласови ( 39,5 % од вкупните гласови )
- Iute Credit 29 гласови (8,8 % од вкупните гласови )
- Credissimo 8 гласови ( 2,4 % од вкупните гласови )
- Forza 7 гласови ( 2,12 % од вкупните гласови )
- MCash 5 гласови ( 1,5% од вкупните гласови )
- Kreddy 5 гласови ( 1,5% од вкупните гласови )
Вкупно гласаа: 329 клиенти
Редакцијата на БанкоМетар.мк им честита на победниците – Финансиско Друштво СН Финансии – Битола. Особено е значајно и вредно за честитање бидејќи ова беше прв избор на Финансиско Друштво на Годината организирано со непосредно гласање на клиентите на финансиските друштва.
Тука, би сакале да додадеме, дека клиентите гласаа за квалитет и задоволство од соодветното финансиско друштво и врз основа на преовладувачкото искуство кое го имале, а не врз основа на маркетинг агресивноста на финансиското друштво. Резултатите се мошне интересни бидејќи, најагресивните финансиски друштва од маркетинг аспект и не уживаат баш некоја доверба кај клиентите. Ова е интересен факт кој укажува на подигање на нивото на финансиска писменост кај нашите граѓани, кои веќе реално ја оценуваат најдобрата понуда која ја имаат на пазарот и се задоволни од фер и професионален третман на кредиторот.
Ние, како редакција на БанкоМетар.мк како прв и единствен веб сервис кој ги споредува и рангира сите кредитни продукти во Македонија, се сложуваме целосно со изборот на клиентите, особено во делот на најниските трошоци ( поединечни и СВВТ ) на друштвото, како и комплетната и диверзифицирана понуда која ја нуди друштвото, од која би ги издвоиле :
- Брзиот кредит кој се одобрува само за 30 минути
- Микродолгорочен до 79,000 денари со одлични услови
- Се во едно – кредитот за рефинасирање на други обврски
- Туристичкиот кредит – кој е хит ова лето
Доколку сакате да ја посетете веб страната на СН Финансии, финансиско друштво – најдоброто според македноските гласачи, може да пристапите од следниот Линк
Финансиското друштво SN Finansii се наоѓа во Битола, на адреса ул. Столарска бр.1. Сите кредити кои ги издава SN Finansii не надминуваат 55% стапка на вкупни трошоци (СВТ) согласно законските прописи.
Наум Димитровски