Климатските промени до средината на овој век, глобалната економија би можела директно да ги чини 7 900 милијарди американски долари преку бавен раст и загрозена инфраструктура заради честите суши, поплави и лошите приноси.
Индексот за отпорност на климата го објави Economist Intelligence Unit (EIU) и ја мери подготвеноста на 82 најголеми светски економии да се справат со климатските промени. Анализата ја проценува нивната директна изложеност на загуби како резултат на честите екстремни временски прилики што се резултат на овие промени.
Истражувањето покажа дека, според сегашните трендови, глобалната економија ќе има намалена вредност за околу 3 проценти до 2050 година, како резултат на ефектите од затоплувањето.
Аналитичарите пресметале дека со зголемувањето на температурата, глобалната економија ќе достигне 250 000 милијарди американски долари во 2050 година, во однос на 258 000 милијарди американски долари колку што би вредела доколку не би се појавиле негативните влијанија на климата.
Африка, чиј БДП би можел да падне за 4,7 проценти до средината на век, е најголемата закана, според ЕИУ.
Помалку развиените земји обично се помалку флексибилни од побогатите, заклучуваат тие.
САД, најголемата светска економија треба да бидат во групата земји со најмалку лоши последици, велат аналитичарите на ЕИУ, истакнувајќи дека актуелниот претседател Трамп ги потценува активистите против климатските промени.
БДП на Русија,пак, ќе падне за 5 проценти до 2050 година, а земјата „ќе претрпи потешки последици од повеќето заради негативните ефекти од климатските промени“. Ова е точно дури и ако се земат предвид потенцијалните придобивки од зголемената земјоделска активност, посочуваат во анализата на ЕИУ.