Се решивте да купите полиса за осигурување на живот за прв пат? Ако е така, веројатно поставувате прашања од типот “Колку ми е потребно?”“Каков вид на полиса е најдобра?” и “Од која компанија треба да купам?” Нема сомневање дека купувањето на полиса за осигурување на живот за прв пат, како и секое друго ново искуство, може да биде повеќе од застрашувачко. Подолу се наведени пет важни совети кои се надевам дека ќе го направат полесен процесот на купување ќе елиминираат фрустрации, сомнежи и непотребни трошоци.

 

1. Размислете зошто ви треба полисата за животно осигурување.

 

Додека повеќето луѓе имаат потреба од осигурување на живот во одреден момент од нивниот живот, не купувајте полиса само затоа што сте слушнале дека е добра идеја. Осигурувањето на живот е дизајнирано да им обезбеди на семејствата финансиска сигурност во случај на смрт на брачен другар, родител или друг член од семејството. Заштитата на животното осигурување може да помогне во исплатата на хипотеките, да помогне да се обезбеди високо образование, да се помогне за пензионирање, да се помогне да се обезбедат добротворни заложби и, се разбира, да се помогне во планирањето на недвижностите. Накусо, ако другите зависат од вашиот приход за поддршка, треба веднаш да ја разледате опцијата за осигурувањето за живот без никакво двоумење. Дури и ако немате некоја од овие потреби во моментот, сепак можеби ќе сакате да размислите за купување на мала “стартерска” полиса како заштита. Причина: Помлади сте, поефтино е осигурувањето на живот а поголема осигурената сума и крајниот профит.

 

2. Утврдете го износот на покривање кој вам ви треба.

 

Износот на пари што вашето семејство или наследници ќе ги добие по вашата смрт се нарекува осигурена сума. За да се одреди соодветниот износ на осигурување на живот, онлајн калкулатори може да бидат корисни.

Подетален метод е да ги пресметате месечните трошоци што ќе ги направи вашето семејство по вашата смрт. Не заборавајте да ги вклучите еднократните трошоци при смрт и тековните трошоци, како што се хипотека, кредити или училишни трошоци. Додадете во таа сума средства кои ќе ви бидат потребни за покривање на еднократните трошоци и ќе имате груба проценка за висината на осигурувањето кое ви е потребно. Колку и да се корисни калкулаторите, постојат некои работи што не ги прават и можете само вие да ги пресметате. Тие не можат да ви дадат конечни одговори. Калкулаторите само ви овозможуваат да пресметате “хипотетички”. Меѓутоа, користејќи ги овие алатки и со самото ваше едуцирање за работата на осигурувањето на живот и други финансиски производи, може да ви помогне да се чувствувате попријатно кога разговарате за вашите потреби со професионалците во полето на животното осигурување.

Можете да користите било какви алатки за планирање за да добиете идеја за висината на покриеност што ќе ви треба за вашата полиса. Користете го нашиот онлајн калкулатор, на пример, или користете формула за да дознаете колку ви е потребно да ви биде пресметано како осигурителна сума. Лесно место за почеток е со множење на вашиот годишен приход со бројот на години што останале пред да започнете со пензионирање.

 

 

3. Изберете ја правата полиса за вас.

 

Откако ќе дознаете колку покриеност ви треба, можете да размислите за најдобриот вид полиса што може да ги задоволи вашите потреби.

Имате две главни опции:

– полиса со поприфатлива премија но помала осигурена сума

– полиса со повисока премија но истотака и многу повисока осигурена сума.

Имајте во предвид дека во двата типа на полиси при доживување односно при истек на полисата вие истотака ќе имате и добивка која зависи од износот на вашите вложени средства. Имате многу опции за истражување.

 

 

4. Бирајте ја внимателно осигурителната компанија.

 

Факт е дека полисата за осигурување е толку добра колку што е добра и компанијата која ја нуди таа полиса.

Треба да одберете компанија во која може да се потпрете и да верувате се додека ви трае вашата полиса, но и после тоа. Сите знаеме дека важен фактор во било кој бизнис е соработката со компании кои се присутни во одреден бизнис подолго време, тоа значи дека со долгогодишно функционирање докажале дека им ги нудат најдобрите услуги на нивните клиенти и дека ја стекнале довербата кај нив.

 

5. Консултирајте се со професионалец.

 

Финансиски професионалец може да ви помогне да ги земете во предвид вашите финансиски размислувања, вашите потреби и потребите на вашето семејство. Може да ви помогне да ја изберете полисата која најмногу ви одговара и истотака може многу да ви помогне да заработувате со самото купување на полисата.

Не се мислете, јавете се веднаш на првиот агент што го познавате (или не го познавате) и закажете состанок. Сепак, за вас и вашите најблиски се работи.