Претставникот на ЕКБ беше назначен минатата недела како заменик-претседател на Одборот за финансиска стабилност
Зголемувањето на небанкарското финансирање создава сериозен ризик за финансиската стабилност во еврозоната и треба да биде добро регулирано, рече членот на Управниот одбор на Европската Централна Банка (ЕЦБ) Клаас Кнот.
“Небанкарските финансиски посредници обезбедуваат висок и растечки удел кај високодоходвното финансирање”, вели Гувернерот на Холандската централна банка Клаас Кнот.
Според него ако условите се влошат, финансиските посредници ќе се директно изложени на значителни потенцијални загуби. Покрај тоа, може да се очекува потенцијална криза надвор од секторот.
“Построга регулација на т.н банкарство во сенка би можело да го намали ризиците “, рече уште Кнот, давајќи ги за пример правилата за хипотекарното кредитирање во Холандија, кое се применуваат како за банките, така и за другите доверители.
Според зборовите на гувернерот на Холандската централна банка, ако прекумерниот долг и задолженоста на небанкарските финансиски институции се главните фактори за големиот ризик, тогаш би можело да се бараат алатки кои намерно ќе бидат насочени кон нив, како на пример регулирањето, насочено кон должниците .
Кнот беше назначен минатата недела за заменик-претседател на Советот за финансиска стабилност – тело кое ги координира новите банкарски правила меѓу земјите од Г-20 по глобалната финансиска криза пред една деценија.