Во светскиот пазар цената на нафтата и оваа недела е во опаѓање, пто би значело дека втора недела по ред бечежи пад, а тоа се должи на зголемувањето на залихите во Соединетите Американски Држави (САД) и забавување на растот на кинеската економија, која може да предизвика намалување на побарувачката за енергија.
На пазарот во Лондон, цената на барелите оваа недела падна за 0,9 % на 79,78 долари, додека цената на еден барел падна за 3,1% или на 69,12 долари на американскиот пазар.
Падот на цената на нафтата втора недела по ред е резултат на индикации за забавување на растот во најголемите светски економии, кои можат да доведат до слабеење на побарувачката за црното злато.
Во третиот квартал од годината, бруто домашниот производ на Кина (БДП) се зголеми за 6,5 проценти во однос на истиот период од минатата година, што е најмал раст на втората по големина светска економија од 2009 година.
Овие податоци предизвикаа загриженост дека трговската војна меѓу САД и Кина почнува да го намалува растот.
Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) поради воведувањето на царините и затегнувањето на финансиските услови во светот, ги намали проценките за раст на светската економија оваа година од 3,9 отсто на 3,7 проценти.
ММФ ги намали проценките за раст на САД, Кина и Европа за оваа и следната година, и поради тоа би можела да ослабне побарувачката за нафта и други енергетски производи.