Сите функционери од тогаш актуелната локална власт па се до централната кои пред 4 години беа инволвирани во уривањето на плажите, да се прогласат за непожелни личности во Охрид-гневни се поранешните концесионери кои изгубија се што вложиле уредувајќи го крајбрежјето со урбано средени плажи,кои им беа срамнати со земја. Концесиите не им беа продолжени и за да не останат со празни раце, локалната самоуправа сега им дозволи само поставување на урбана опрема.

 Овие објекти погледнете ги личат на гулабарници,добро и тоа што го имаме.На што личи ова погледнете го само просторов, осмислена плажа со теретани, со козметички студија, со вециња, со туш кабини, ова е единственото јавно веце кое постоеше.Од Билјани извори до Свети Наум нема јавно веце покрај самиот пат”-вели Илија Џепароски,поранешен концесионер

Туризмот не се само црквите, гостите добар дел од денот поминуваат на плажите кои им нудеа многу содржини кои сега ги нема.

 Тоа што го направија сега гледаме дека беше голема грешка и за општината и за туризмот и за нас како сопственици на објектите до плажите.Со самото рушење на се покрај езерото што беше од платформи шанкови се уназади туризмот за повеќе од 20 години”-вели Даница Бачева,хотелиер

Она што највеќе ги револтира се двојните аршини,во соседна Струга и покрај одамна истечените концесии сите плажи работат на диво, а никој не ги санкционира.

Не да не револтира туку јас се чудам како за Поградец и Струга не постои Унеско само за Охрид постои  Унеско.Изгледа има други аршини кога се уриваа плажите ние охриѓаните некојпат посакувавме и кај нас Мерко да е градоначалник”-вели Џепароски

Општина Охрид не може да ги понуди плажите под концесија бидејќи државата две години не го носи планот за управување со крајбрежјето. Поранешните концесионери не се осмелуваат да финансираат во ништо повеќе од одржување на плажите и поставување на урбана опрема,оти ведаш ќе ги казнат,а сеуште не се опоравиле од загубите кои ги претпеа пред 4 години а се бројат во илјадници евра. Пред официјалниот почеток на сезоната прват напори тие да изгледаат пристојно.