Капиталните проекти најголеми губитници, општините најголеми добитници. Со ребалансот на буџетот скратени се скоро 2,6 милиони евра од инфаструктурните инвестиции. Занително кратење има во патната инфраструкуира за изградба на Коридот 8 и 10 д. Овде од првичните  245,5 милиони евра  парите се кратат на  67 милиони евра. Повеќе пари од првичната сума предвидени се само за железницата. – пругата  од Коридорот 8 – делницата Бељаковце- Крива Паланка  и изградба на заедничка гранична станица Табановце . Овде сумата се зголемува од 31 на 55 милиони евра. Помалку  пари има за гасификацијата, од 19 на 13,5 милиони евра, речиси  преполовени се парите за изградба на старечки домови  и објекти за социјална заштита, за реконструкција на основни и средни училишта, за изградба на студенски домови, каде се скратени над  120 илјади евра . Значителн кратење има и за изгрдбата на нов кличнички центар во Скопје и Штип – од првичниот буџет од 2,5 милиони евра, сега суматата е тројно пониска – само 880 илјади еввра.. Но премиерот Мицкоски вели  дека приоритет е изградба на Клинички во Штип – и веќе се работи со серозна компанија

Подобри времиња ќе чекаат и   болниците Свети Еразмо во Охрид и  Клиниката за хирургија ќе чекаат подобри времења. Од првичните 2 милиони евра, за нивна реконстукција со ребалансот предвидени се 780 илди евра.   Општата болница во Кичево од 800 илајди сега ќе добие само 29 илјади евра. Затоа пак , општините ќе добијат двојно повеќе пари. За изградба на локални  патишта во 80 општини предвиден се 22 милиони евра, а првично беа планирани 10 милиони.

Инаку,  речиси половина од буџетот – 2,76 милиајрди  евра ќе одат за социјални транфери, односно за пензии и помош за ранливите , како и за плати на админситративците –  723 милиони евра. Приходите пак се проектирани на 5,1 милијарда евра.  Мицкоски  уште еднаш истакна дека наследиле катастрофален буџет, без доволно одезбедени пари за плати и пензии. Па затоа уште еднаш го повикаа Јавното обвителство да постапува по допрен глас. Ако не почне постапка – најави дека од септември ќе  поднесат и претставка. Инаку премиерот најави и нова помош за земјавата. При крај се приговорите со Европската  Унијата за заем од 750 милиони евра, за следните 4 години. Првата трансша се очекува да стигне во септември.