Почитувани читатели

Како што знаете неодамна беше организирана ( за прв пат во Македонија ) анкета на нашиот веб сервис за избор на банка на годината 2018 во Македонија од страна на македонските граѓани. Без никакви нарачки и без никакво мешање во процесот на гласање со транспарентно објавување на гласовите кои можеа да бидат видени во секој момент додека траеше анкетата. Анкетата помина во најдобар ред и со над 46 % од 1406 гласови ( што е статистички значаен примерок ) , македонските гласачи ја изгласаа Халк Банка за банка на годината во Македонија.

После само 2 дена, на еден веб сајт кој се занимава со слична тематика како БанкоМетар.мк, се појавува нова анкета ( најверојатно нарачана од страна на некоја банка незадоволна од реалниот резултат на анкетата ) во која преку повеќе прашања и со НЕТРАНСПАРЕНТНО ГЛАСАЊЕ И НЕМОЖНОСТ ДА СЕ ГЛЕДААТ РЕЗУЛТАТИТЕ ЗА ВРЕМЕ НА АНКЕТАТА , се прави обид да се разводни убедливиот резултат на Халк Банка и да им се релативизира и во крајна инстанца да им се украде победата.

Зошто ние го пишуваме ова ?

Затоа што конкретниот сајт е создаден неколку години после БанкоМетар.мк како бледа копија на истиот, со цел да се ископира нашиот концепт и услуга. Се разбира , плагијатот не е успешен и тој сервис не нуди ништо слично од услугите кои БанкоМетар.мк ги нуди, но доста успешно и упорно ги копира концептите и идеите на тимот на БанкоМетар.мк.

И за крај , но не е последно по значење, сакаме да порачаме дека нашиот тим професионално и независно ги следи и обработува банките, продуктите и светските финансиски трендови, нашите вработени не работат во ниедна банка така што нема можност за конфликт на интереси, нема можност за градење на „андерграунд“ канали за дисперзија на средствата за маркетинг на банките и нема можност ние да примаме нарачки за да местиме анкети или ПР за банките. Пробуваме да наметнеме професионални стандарди во ова труло општество каде суетите им се влечкаат подолго од сенките на многу „професионалци “ во финансискиот сектор.

 

Наум Димитровски