Бруклин Нетс доби нов сопственик и стана најскапиот американски тим на сите времиња. Џозеф Цаи, кој минатата година купи 49% од акциите на Нетс за што плати 900 милиони евра, ги докупи останатите 51 процент од Михаил Прохоров за дури 1,21 милијарди, вреднувајќи ги Нетсите на вкупно 2,11 милијарди евра.
Ова го руши рекордот што досега го имаа тимот на НФЛ во Каролина Пантерс од страна на Дејвид Трепер, и тимот на НБА во Хјустон Рокетс, кој Тилман Фертита го купи за 1,97 милијарди евра.
Цаи е ко-сопственик на Алибаба, кинески интернет пандан на американскиот Амазон, а неговото богатство се проценува на 8,9 милијарди евра.
Кевин Дурант и Кири Ирвинг ќе играат за Бруклин оваа сезона, при што експертите предвидуваат зголемување од заработката за 20 проценти.
Забрането превземање на содржината без претходно одобрение од редакцијата на БанкоМетар.мк