Граѓаните се приморани да земаат кредити за да преживеат, додека компаниите поради страв од инвестирање се помалку се задолжуваат кај банките, тврди дополнителната заменик министерка за финансии Гордана Димитриеска – Кочоска.

Таа ја обвини власта дека поради поради политиките кои ги води – целокупната економија во земјава е во лоша состојба што било забележано и во последниот извештај на ММФ.

„ММФ во извештајот за Македонија констатира дека кредитирањето во секторот домаќинсктва континуирано расте и заклучно со 2018та е на ниво од 25% од БДП. Рансливоста која е идентификувана во врска со кредитирањето на секторот домаќинства е фактот дека 40% од потрошувачките кредити ги имаат земено домаќинства кои имаат приходи под просечната плата во Македонија. Ова претставува ризик во однос на можностите за сервисирање на овие долгови во случај на економски шокови и ги изложува овие домаќинства на ризик од сиромаштија и „должничко ропство.“ ДОЛЖНИЧКО РОПСТВО- еве до каде ги доведовде граѓаните, со сите ваши лоши политики и корупции,“изјави Гордана Димитриеска – Кочоска, дополнителна заменик – министерка за финансии.

Според неа, оваа состојба го доведува во прашање и проектираниот економски раст за годинава.

ММФ во извештајот од минатата недела нотира дека банкарскиот сектор е стабилен и ликвиден, но Народната банка мора да ја зголеми финансиската безбедност и ако се влоши надворешното опкружување – да ја заостари монетарната политика.