Фејсбук има проблем со 52 милијарди долари. Имено, и покрај тоа што компанијата има повеќе пари од скоро сите американски компании, официјален Вашингтон толку многу му е „наоштрен“ на лидерот на социјалните мрежи што претставува пречка за него во големи аквизиции на компании, објави CNBC, пренесува Б92.
За Дејвид Венера, ЦФО и Марк Закерберг, основач на најпопуларната социјална мрежа, толку голема сума на пари е фасцинантен проблем.
Фејсбук не плаќа дивиденда на акционерите, но дури и додавањето на дивиденда од два проценти на своите веќе вредни акции би чинело само 11 милијарди долари годишно.
Фејсбук, пак, всушност го забави темпото на купување на своите акции оваа година, откако во 2018 година потроши повеќе од 11 милијарди долари, кога акциите паднаа дури и до 124 долари. Во моментов имаат цена од околу 200 американски долари, пренесува CBNC.
Нивото на капитално инвестирање на компанијата треба да остане непроменето следната година, според извештајот од третиот квартал.
Тогаш што е оставено на компанијата?
„Постојат вистински политички ограничувања за тоа што тие можат да го сторат“, вели Саманта Меклимор, менаџер за портфолио во „МилерВалеј и партнерите“, компанија со седиште во Балтимор, која поседува 387.000 акции од „Фејсбук“ и е основана од познатиот инвеститор Бил Милер.
„Големите технолошки компании само собраа пари“, вели Маклимор.
Политичките проблеми на „Фејсбук“ ја намалуваат веројатноста тој да ги користи тие пари за некоја голема аквизиција, според Фон Фримен, аналитичар на ЦФРА.
Сенаторите Берни Сандерс и Елизабет Ворен го критикуваа купувањето на „Инстаграм“ од „Фејсбук“ како и „WhatsApp“ и тврдат дека администрациите на Трамп и Обама им дозволиле на големите технолошки компании да станат премногу моќни благодарение на недостигот на закони за монопол.