Надзорниот одбор на Стопанска банка АД – Скопје се состои од 7 членови, од кои 2 се независни, со мандат од четири години, а ги именува Собранието на акционери, информираат од Банката во Годишниот извештај за минатата година, објавен преку Македонската берза.
“Составот на Надзорниот одбор во 2017 година е следен:
1. Маринис Стратопулос, претседател на Надзорниот одбор на СБ, генерален директор на Секторот за меѓународни активности, Национална банка на Грција С.А. Атина
2. Димитриос Христопулос, заменик претседател на Надзорниот одбор на СБ, директор на Секторот за меѓународни активности на Национална банка на Грција С.А. Атина
3. Анастасиос Лизос, член на Надзорниот одбор на СБ, раководител на Секторот за меѓународни активности, Национална банка на Грција С.А. Атина
4. Јанис Кајулис, член на Надзорниот одбор на СБ, раководител на Секторот за меѓународно корпоративно кредитирање, Национална банка на Грција С.А. Атина
5. Димитра Гудуфа, член на Надзорниот одбор на СБ, директор на Секторот за стратегија на Групацијата, Национална банка на Грција С.А. Атина
6. Владимир Филиповски, независен член на Надзорниот одбор на СБ, професор, Економски факултет – Универзитет “Св. Кирил и Методиј” Скопје и
7. Сашо Ќосев, независен член на Надзорниот одбор на СБ, професор, Економски факултет – Универзитет “Св. Кирил и Методиј” Скопје“, велат од Банката.