На најновата листа на должници на Министерството за финансии , на првите десет места се наоѓаат покрај јавните претпријатија и општини, клиники, но и државни фирми. Најголемиот долг изнесува 67,2 милиони евра, додека пак најмалиот 577 000 евра, пренесува Радио МОФ.
Државни фирми и ЈП со највисоки обврски
МЖ Транспорт 67,2 милиони евра
МЖ “Инфраструктура“ 26,0 милиони евра
ЈП Колекторски систем 8,8 милиони евра
ЈП Водовод Куманово со Ц.О.Куманово 8,2 милиони евра
ЈП Водовод и канализација -Скопје 7,6 милиони евра
ЈКП “Тетово “Ц.О. -Тетово 5,4 милиони евра
„Водостопанство“ – Скопје 5,4 милиони евра
ЈП Водовод Охрид 5,1 милиони евра
ЕЛЕМ 4,8 милиони евра
Највисокиот износ од 67,2 милиони евра на доспеани а неплатени обврски има АД МЖ „Транспорт“, додека пак на на второ место се наоѓа МЖ “Инфраструктура“ со долг од скоро 26 милион евра. На третото место е ЈП од областа на здравството за потребите на јавните здравствени установи и има неплатени сметки во износ од 15,2 милиони евра. Веднаш потоа, на четвртото место, со долг од 14,1 милион евра е општина Тетово. На должничката листа, на петто место, со неплатени сметки во износ од 10,9 милион евра се наоѓа ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија“.
Доспеани а неплатени обврски (здравство)
ЈП од областа на здравството 15,2 милиони евра
Клиника за радиотерапија и онкологија 10,9 милиони евра
Клиника за трауматологија 5,2 милиони евра
ГОБ “8 ми септември“ 4,7 милиони евра
Институт за трансфузиологија 4,6 милиони евра
Општа болница-Охрид 4,1 милиони евра
Во листата на задолжени претпријатија на Министерството за финансии, помеѓу должниците, се наоѓа и ГОБ “8 ми септември“ со долг од 4,7 милиони евра, а на оваа листа е и Институтот за трансфузиологија со долг од 4,6 милиони евра.