Според податоците на Државниот завод за статистика просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во април 2018, изнесува 23.942 денари, што е пораст за 5,6 отсто во однос на истиот месец минатата година. Најголем пораст на платите за една година имало во секторот рударство и вадење камен каде просечната плата изнесувала 38.063 денари, што е пораст за 32,2 отсто во однос истиот месец минатата година.

Втори на листата со најголем пораст на просечната плата се вработените во секторот дејности на изнајмување и давање под закуп (лизинг) каде платата во април изнесувала 24.848 денари, што е зголемување за 29,5 отсто во однос на истиот месец минатата година.

На третото место е секторот канцелариско-администратвни и помошни дејности и деловнопомошни дејности со плата од 28.829 денари и пораст од 24,9 отсто во донос на истиот месец минатата година

На четвртото место е секторот производство на машини и уреди, неспомнати на друго место со плата од 28.670 денари и зголемување од 24,1 отсто, а на петтото место е секторот производство на производи од гума и производи од пластични маси со плата од 19.170 и пораст од 19,5 отсто во однос на април минатата година.