Со намалувањето на цената на маслото за јадење, годинава падна и цената на сончогледот, која е пониска од лани. Во единствената фабрика за преработка на сончогледот во масло во тек е откупот на оваа индустриска култура.
Во единствениот преработувач на сончогледот во масло за јадење во земјава, велешка „Маслодајна“, во тек е откупот на оваа индустриска култура. Колоните товарни возила секое утро се присутни за да го предадат за обработка. Досега се откупени три илјади тони, се планира уште две илјади тони, што ќе биде двојно помалку од ланските откупени 10 илјади тони сончоглед.
За потребите на фабриката, за да се задоволат потребите за преработка, се откупува сончоглед и од Србија. За редовно работење бидејќи откупените количества сончоглед не се доволни, па затоа се увезува и сирово масло. Ако лани цената на маслото се движеше над 100 денари, сега е 72 денари за литар. Одгледувачите со разбирање на пониската цена на сончогледот.
Вели дека е многу позадоволен од цената на сончогледот отколку на житариците, јачменот и пченицата кои годинава ги продал по далеку пониска цена од ланската а цената на местото летово скокнала.