Во текот на вчерашниот ден покрај атракцијата на Македонска берза која следуваше по блок трансакцијата со акциите на Комерцијална банка АД Скопје вредна 18,1 милиони евра, останатите компании секако имаа доста помал обем на тргување. Во останатите тргување вниманието го привлече акцијата на ЗК Пелагонија АД Битола со истргувани околу половина милион денари или околу 8000 илјади евра.

 

Истргувана е количина од 171 акција на ЗК Пелагонија по цена од 2.809 денари што е мал раст од претходно достигнатата цена на оваа акција од 2728 денари. Исто така ова е втората по големина количина на истргувани акции на ЗК Пелагонија АД Битола откако на 18 јануари беа истргувани 257 акции.

 

ЗК Пелагонија АД Битола во последните три години нема доделено дивиденда, книговодствената вредност на акцијата исто така паѓа консеквентно, а паѓаат и профитите на компанијата.

 

Добивката на ЗК Пелагонија за 2017 година изнесува 207 илјади евра што е речиси повеќе од дупло помалку во однос на годината претходно.