Премиер лигата на Англија е највисоко рангирана во англискиот фудбал. Спонзорството во Премиер Лигата беше воведено во 1993 година.
Англичаните се махери кога станува збор за склучување договори со огромни суми на пари со богати спонзори, кои не ја пропуштаат можноста да се рекламираат на дресовите на најдобрите клубови на планетата.
Во претстојната сезона на англиското фудбалско првенство, 20-те тимови кои ја сочинуваат Премиер лигата ќе заработат вкупно 349,1 милиони фунти од спонзори.
Минатата сезона, тимовите на Премиер Лигата заработија £ 313.6 милиони од спонзорите.
Иако претходните години не постигнаа значајни фудбалски резултати во Англија или на меѓународната сцена, Манчестер Јунајтед го има најдобриот спонзорски договор од сите тимови на Премиер Лигата.
Од 2014 година, спонзорот на најпопуларниот клуб во светот Манчестер Јунајтед е американски производител на автомобили – Шевролет.
Според сегашниот договор, Шевролет ќе плати 64 милиони фунти во спонзорството од 2019-2020 за Манчестер Јунајтед, седум повеќе од претходната сезона.
Договорот за спонзорство меѓу авиокомпанијата “Етихад” и актуелниот шампион на Премиер Лигата, Манчестер Сити е во вредност од 45 милиони фунти.
Единствениот тим од 20-те прволигаши од Премиер Лигата, кои имаат спонзорски договор со компанија од Велика Британија, е освојувачот на овогодишната Лига на Шампиони – Ливерпул.
Ливерпул и Standard Chartered, компанија која доаѓа од банкарскиот сектор, имаат договор вреден 40 милиони фунти.
Повеќето компании кои ги спонзорираат најдобрите тимови во Англија се од коцкарската индустрија и ќе бидат главни спонзори на 10 тимови од Премиер лигата.
На сликата подолу можете да ја видите целата листа на клубови и нивниот приход во име на генерален спонзор за сезоната 2019-2020.