Рекордната цена на становите особено во Скопје се правда со високите цени на градежното земјиште, но и се помалиот број слободни парцели за градење. Пребарувањето по огласите покажува дека квадратен метар градежно земјиште во Скопскиот Регион не може да се најде поевтино од 50 евра. Во елитните населби цената на плацовите надминува и 100 евра за квадрат, пишува Блумберг.

Но овие цени важат за локации на кои се градат куќи или други помали објекти. На локации каде може да се градат згради, цените се повисоки и надминуваат и 1.000 евра за квадрат. Ако се работи за атрактивна локација, цените дополнително растат.

Од друга страна, нива во еден од најплодните краеви во земјава, во Тиквешијата се продава по цена од две евра за квадрат. Во помалку атрактивните региони цената се намалува на 1,5 евра. Во Струмичкиот Регион нива од еден декар може да се купи и за 300 евра.