Кралот Чарлс III беше крунисан на церемонија која се одржа во Лондон, на 6 мај. Многумина се прашуваат колкаво е неговото богатство. „Форбс“ направи процена на неговото богатство наследено од неговата мајка, кралицата Елизабета II, но и богатството кое тој го надгледува.
„Форбс“ проценува дека приватното богатство на кралот Чарлс III е во вредност од најмалку 500 милиони долари. Поголемиот дел од ова богатство тој го наследил од неговата мајка. Ова богатство се состои од недвижности, колекција на коњи, уметност, колекција на поштенски марки и приватни инвестиции.
Покрај тоа, како крал, Чарлс III го надгледува богатството на круната, што се однесува на богатство кое е во состојба на монархијата. Кралското семејство не го контролира ова богатство, но теоретски, неговите членови се сопственици. Дел од добивката од управувањето на ова богатство му припаѓа на кралското семејство, а поголемиот дел оди во државниот трезор. Сите овие недвижности, кои вклучуваат и многу замоци, се вредни околу 46 милијарди долари.
Како принц, тој ги зголемил финансиските средства на семејството и инвестирал во разни бизниси. Сето ова богатство овозможува кралот да има приходи од повеќе страни. Од друга страна, сите негови патувања и активности како крал се платени со средства кои се издвојуваат од буџетот на државата за трошоците на кралското семејство.