Канцеларијата, каде што поминувате поголем дел од денот, е исполнета со бактерии и вируси и други микроорганизми кои шират инфекции. Ги има многу насекаде.
Самата тастатура има 70% повеќе бактерии од тоалетот
Канцелариските телефони исто така можат да содржат 1.000 микроби на метар квадратен
Масите се дури 400 пати погнасни од капакот на шолјата во тоалетот
Делот од масата каде што ги задржувате рацете на неа има околу 10,000 бактерии
Дури 75% од чешмите во канцелариските тоалети се сериозни преносители на зараза
Вирусот на грип може да живее 18 часа на тврда површина, и тие се размножуваат секој ден, така што следниот ден има 31% повеќе ако површината не се дезинфицира.
Вработените знаат дека се заразни кога болни доаѓаат на работа (72%)
78% од вработените редовно мијат рацете за да спречат ширење на болести
Само 30% од вработените ги чистат работните места, телефони и тастатури за да ги уништат микроорганизмите
Иако знаат дека кога ќе дојдат на работа, ја шират болеста, 52% од вработените се чувствуваат лошо кога се јавуваат да кажат дека ќе земат слободне ден поради болест
Што да се прави?
– Редовно мијте ги рацете
– Редовно дезинфицирајте ја работната површина, тастатурата, глувчето, телефонот
– Имајте гел за дезинфекција за раце со вас
– Откако ќе јадете или откако ќе останете во кујната, не заборавајте да ги дезинфицирате рацете
– Откако ќе ја користите бањата, дезинфицирајте ги и рацете
– Останете дома ако не се чувствувате добро
– Користете докажани средства за дезинфекција
– Избегнувајте јадење на вашата работна маса
– Избегнувајте ракување кога не е потребно
– Избегнувајте состаноци каде некој ќе биде болен
– Не користете телефони на другите луѓе ако можете
Забрането превземање на содржината без претходна согласност од редакцијата на БанкоМетар.мк