И македонските стопанственици инвестираат во разни земји во светот. Секако, најмногу директни инвестиции од Македонија има во Европа. Според податоците од Народната банка, во третиот квартал од годинава инвестирани се 44,53 милиони евра. Вкупните директни инвестиции од почетокот на годинава, заклучно со септември се речиси 123 милиони евра. Македонските стопанственици најмногу инвестираат во Грција. Така, во првиот квартал од вкупно инвестираните 50,3 милиони евра, во Грција се инвестирани 11,8 милиони евра, во вториот квартал од вкупно инвестираните 28,18 милиони евра, во Грција се инвестирани 25,38 милиони евра, додека во третиот квартал грчкиот инвестициски удел е 15,41 милиони евра од вкупно инвестирани 44,43 милиони евра.

ВО КОИ ЗЕМЈИ ЗА ТРИ МЕСЕЦИ СМЕ ИНВЕСТИРАЛЕ НАД 1 МИЛИОН ЕВРА?

Податоците за третиот квартал од годинава покажуваат дека во 10 земји македонски стопанственици вложиле над милион евра.

Пребарувањето низ податоците што го направи порталот Пари покажува дека по Грција, на второ место е Обидинетото Кралство, се инвестира и во регионот, но на оваа листа на 10 земји во кои најмнoгу се инвестира е и Руската Федерација.

Земји во кои се инвестирани над 1 милион евра во третиот квартал од 2024 година

Ако ги споредиме овие податоци со претходните години, можеме да забележиме дека инвестициите од Македонија во странски земји се значително поголеми од претходно. Така, во цела 2020 година е инвестирано само малку повеќе отколку за три месеци (јули, август и септември) годинава. Имено, годинава за три месеци сме инвестирале 44,53 милиони евра, а тогаш за 12 месеци биле инвестирани 46,72 милиони евра.

ВО ПОСЛЕДНИТЕ 4 ГОДИНИ ИМА ИНВЕСТИЦИИ ВО СТРАНСТВО ОД НАД 310 МИЛИОНИ ЕВРА

Гледано наназад, очекувано е дека 2020 година беше лоша за инвестирање. Но, во 2021 година инвестиците во странство скокнале за 77,6 насто, достигнувајќи 82,99 милиони евра. Раст од 9,4 насто имало и во 2022 година, со што износот достигнал 90,77 милиони евра. Но, во 2023 година македонските компании помалку инвестирале во други земји, односно тој износ бил 89,67 милиони евра, или околу 10 насто помалку отколку во 2022 година.

Вкупно, во последните 4 години македонските стопанственици имаат инвестирано над 310 милиони евра во странство.

Инвестиции во други земји во последните 4 години

Директните инвестиции се меѓународни инвестициски трансакции за стекнување траен економски интерес во претпријатие коешто е резидент во економија различна од таа на инвеститорот, како и за стекнување влијание во деловната стратегија на тоа претпријатие. Согласно со меѓународните препораки и стандарди, критериум за дефинирање на директните инвестиции е учество во капиталот поголемо од 10 насто.

Целата анализа на следниот линк: https://pari.com.mk/i-nie-imame-iznvesticii-vo-starnstvo-za-tri-meseci/