Највисоката Јануарска плата е исплатена во Црна Гора и таа изнесува 28.361 евра бруто или 16.024 евра нето.Токму оваа сума била исплатена на работник во секторот продажба на големо на делови и опрема за моторни возила.
Според податоците на државната статистика, највисоката бруто заработка во текот на изминатата 2017 година во Црна Гора била во висина од 78.155 евра бруто или 44.175 евра нето.
Сепак, просечната бруто плата во Црна Гора во јануари останува една од највисоките во регионот и знесува 767 евра бруто или 511 евра нето.