Во последниoт квартал од 2017 година во Македонија влегле 178,1 милиони евра странски директни инвестиции за разлика од вториот и третиот квартал кога се бележеше намалување од 60,5 милиони евра, покажуваат податоците на Народната банка на Република Македонија (НБРМ).
Според податоците на НБРМ, вкупната сума на нето странски директни инвестиции за 2017 година изнесува 229 милиони евра, од кои најмногу 37 милиони евра дошле од Германија, по што следат Австрија со 24, Сент Винсент и Греандини со 20, Луксембург со 17 и Хрватска со 15 милиони евра.
Најмногу од парите, 67 милиони евра биле вложени во услуги, во рударството се вложени 34 милиони, кај активности во врска со недвижен имот нешто над 21 милион евра, во трговија 19, во земјоделство речиси 10, во административни и помошни дејности девет милиони, во финансиски и осигурителни дејности седум, во информации и комуникации шест, во професионални и научни дејности пет, а во градежништво, хотелиерство, како и уметност и рекреација по три милиони евра.