Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во мај 2018 година, во однос на мај 2017 година, изнесува 107.1.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (23,1 %), Финансиски дејности и дејности на осигурување (17,4 %) и Информации и комуникации (15,3 %).
Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (19,2 %), Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (13,9 %) и Преработувачка индустрија (3,1 %).
Просечната нето-плата по вработен, во мај 2018, изнесува 24.509 денари, додека просечната бруто-плата за истиот месец е 35.983 денари.