Во регионот највисока месечна плата има премиерот на Словенија, а по него е премиерот на Хрватска. Иако Босна и Херцеговина е посиромашна, платата на претседавачот со Советот на министри на Босна и Херцеговина е на ниво на колегата од Хрватска. Платата на првиот човек на црногорската влада е двојно помала од неговиот колега од Словенија, а премиерот на Македонија заработува повеќе од него. На дното на листата е премиерот на Србија, пренесува Банкар.ме.

Премиерот на Словенија Роберт Голоб е најплатениот премиер во регионот. Неговата месечна плата е околу 4.000 евра. Неговиот колега од Хрватска, Андреј Пленковиќ е втор на листата и заработува околу 25.000 куни или околу 3.300 евра месечно.

Иако се очекува дека лидерите на овие две земји имаат највисоки плати, бидејќи тие се земји со повисок животен стандард од другите поранешни членки на СФРЈ, Босна и Херцеговина не заостанува во однос на платите на функционерите. Претседателката на Советот на министри на Босна и Херцеговина, Борјана Кришто има само неколку стотици евра помала плата од нејзиниот колега Роберт Голоб, односно речиси иста плата како и шефот на хрватската влада. Нејзината месечна плата е 6.500 конвертибилни марки, што е околу 3.300 евра.

За илјада евра е помала месечната плата на премиерот на Македонија Христијан Мицкоски. Месечно заработува околу 140.450 денари или 2.300 евра. Платата на црногорскиот премиер Милојко Спајиќ е околу 1.900 евра. Според достапните податоци, најмалку во регионот заработува премиерот на Србија, Милош Вучиќевиќ, кој на таа функција беше избран на крајот на април. Месечно заработува нешто повеќе од 180.000 динари или околу 1.500 евра.