Комерцијална банка АД Скопје ги известува своите акционери дека почнувајќи од 07 мaj 2019 година ќе врши исплата на дивиденда за 2018 година.
Право на исплата на дивиденда за 2018 година имаат сите акционери на Комерцијална банка АД Скопје кои се евидентирани во книгата на акции на 19 април 2019 година.
Исплатата на дивидендата за 2018 година на правните лица ќе се врши со пренос на средствата на нивните сметки.
Средствата од дивидендата за 2018 година на физичките лица ќе бидат уплатени на нивните сметки во Комерцијална банка АД Скопје, освен за лицата кои имаат дадено овластување за пренос на дивидендата на сметка во друга банка. Комерцијална банка АД Скопје во таков случај средствата од дивидендата за 2018 година ќе ги уплати на назначената сметка.
Физичките лица кои немаат отворено сметки во Комерцијална банка АД Скопје или не дале овластување ќе треба да отворат сметки во Комерцијална банка АД Скопје или да дадат овластување за пренос на средствата од дивидендата во друга банка за да им се исплати дивидендата за 2018 година. Ова можат да го направат во сите филијали и експозитури на Комерцијална банка АД Скопје.
Согласно член 77 став 8 од Законот за персоналниот данок на доход, потврдите за пресметан и платен персонален данок на приход од капитал-дивиденда за 2018 година, исплатена во 2019 година, ќе бидат доставени до секој акционер евидентиран во книгата на акции по извршената исплата на дивидендата. Доколку некој акционер не ja добие потврдата поради технички причини (промена на адреса и слично), истaта ќе може да ја подигне во сите филијали и експозитури на Комерцијална банка АД Скопје низ Републиката.
Дополнителни информации може да се добијат на телефонските броеви 3168 318, 3168 312, 3168 311, 3168 310 и 3168 308.