Работна позиција: Стручен соработник за односи со клиенти во Секторот за кредитирање на стопанство.

Тип на вработување: На неопределено време.

Работно време: 40 часа неделно од понеделник до петок од 08:00 до 16:00 часот.

Почетна основна нето-плата: 34.673,00 денари.

Огласот важи до 10.09.2021 година.

 Потребни квалификации и способности:

  • Завршен Економски факултет ВС VII/1 или најмалку 180 (ЕКТС) кредити,
  • Најмалку 5 години работно искуство од областа на корпоративното кредитирање и работа со правни лица,
  • Познавање на англиски јазик и работа со компјутери,
  • Познавање на финансиска анализа на нефинансиски правни лица,
  • Познавање од оценка на инвестициони проекти и кредитно портофолио,
  • Познавање на управување со кредитно досие (барање, кредитна анализа, препорака со предлог-одлука за одобрување/неодобрување на барањето), комплетирање и ажурирање на документација во кредитно досие.

Би било одлично доколку поседувате:

  • Комуникациски вештини,
  • Аналитички и статистички вештини,
  • Приоретизирање и организирање во работата,
  • Остварување резултати и квалитет,
  • Тимска работа.

Придобивки за Вас:

  • Комфорна, пријателска и тимска работна атмосфера,
  • Трајно вработување и конкурентна плата,
  • Можност за личен и професионален раст и развој во стабилна средина,
  • Спортски активности,
  • Користење на Библиотека,
  • Општествено одговорни активности.

Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат горенаведените критериуми треба да пратат кратка биографија (CV), мотивациско писмо и уверение за завршено образование на следната адреса: Сектор за човечки ресурси и општи работи, Комерцијална банка АД Скопје, ул.Орце Николов бр.3, 1000 Скопје, или на e-mail адреса [email protected], со назнака: „Oглас за вработување Стручен соработник за односи со клиенти во Секторот за кредитирање на стопанство”.

Лице за контакт: Даниела Младеновска, тел: (02) 3168-461

Некомплетната документација и документацијата доставена по истекот на рокот за аплицирање нема да бидат разгледувани. На интервју ќе бидат повикани само апликантите кои ќе влезат во потесен круг.

Изборот ќе се изврши во рок од 45, 90 или 120 дена по истекот на рокот за пријавување, во зависност од бројот на пријавени кандидати.

Предност ќе имаат вработени во банкарски институции.

Напомена: Секоја апликација за вработување ќе биде третирана како строго доверлива. Според Законот за заштита на личните податоци, со самото доставување на Вашата апликација за работа за потребите на Банката согласни сте Вашите лични податоци да се обработуваат во процесот на селекција на кадри. Банката гарантира дека, освен за наведениот случај, Вашите лични податоци нема да бидат користени за ниту една друга цел, ниту, пак, достапни на трети лица. Банката обезбедува соодветно ниво на безбедност на личните податоци, согласно законската, подзаконската регулатива и интерните акти, вклучувајќи заштита од неовластена или незаконска обработка, како и заштита од нивно случајно губење, уништување или оштетување.