Дирекцијата за вршење услуги со хартии од вредност, при Комерцијална банка АД Скопје, на 12.07.2019 успешно ја реализираше првата трансакција со хартии од вредност на странски пазар. Во рамките на предвидениот рок (Т+2) трансакцијата беше и успешно порамнета од страна на Дирекцијата за вршење старателски работи.
Оваа трансакција беше извршена за постоечки клиент, за кој беше проследен и реализиран налог на германската берза Xetra за купување обични акции. Вкупната вредност на трансакцијата изнесуваше 30.110 евра. На 17.07.2019 е реализиран и налог на физичко лице за купување обични акции на Xetra во вкупна вредност од 4.678 евра.
Комерцијална банка со оваа трансакција потврди дека за краток период ги воспостави системските услови и законски предвидените процедури за тргување со хартии од вредност во странство по налог на домашни и на странски физички и правни лица. Брокерските и старателските услуги од Комерцијална банка се достапни за вршење трансакции на која било регистрирана берза во светот, при што за клиентите се обезбедени сите потребни информации за условите и трошоците за спроведување на бараната трансакција.