Врз основа на финансискиот резултат утврден за 2024 година и Програмата на мерки и активности на деловната политика и финансискиот план на Комерцијална банка АД Скопје за 2025 година, усвоена на 30.01.2025 година од страна на Надзорниот одбор на Банката, Управниот одбор на Банката планира до Надзорниот одбор на Банката, а соодветно и до Собранието на акционери, да достави Предлог Одлука за распоредување на добивката со која ќе се исплати бруто-дивиденда во вкупен износ од 2.848.834 илјади денари, како и Предлог Одлука за определување на износот на дивиденда за 2024 година со која за 1 (една) обична акција ќе се предложи бруто-износ од 1.250,00 денари.
Предложениот бруто износ од 1.250,00 денари за 2024 година е за 37,4 % повисок во однос на дивидендата за 2023 година.