Во најкус можен рок потребно е да се активира бесплатната дигитална алатка мТокен на мобилните уреди преку мобилната апликација мБанка, им препорачува на своите клиенти Комерцијална банка.

Тоа е потребно поради усогласувањето со новата регулатива пропишана од Народната банка, која ќе се применува од први октомври годинава, а важи за сите банки во земјава. Со методот на засилена автентикација ќе се крене нивото на заштита на клиентите. Односно Интернет банка ќе се користи со дополнителни безбедносни мерки.

„Со мТокен лесно и безбедно ќе вршите потврда на својот идентитет, како и финансиски и нефинансиски трансакции преку Интернет банка“, информираат од Комерцијална банка.