Комерцијална банка денес започнува со исплата на пензиите за март.
Пензионерите кои имаат активна дебитна картичка својата пензија можат да ја подигнат на банкомат или да ја користат за безготовинско плаќање низ трговската мрежа.
Пензионерите кои не користат дебитна картичка, пензијата можат да ја подигнат во некоја од експозитурите и филијалите на Банката од демес до петок. Исто така и во сабота, кога филијалите на Банката низ целата земја и дел од експозитурите во Скопје работат од 9 до 12 часот, посочуваат од Комерцијална банка.