Децата, како најголема вредност за семејството и за општеството, постојано се во фокусот на вниманието на Комерцијална банка АД Скопје. А на 31 октомври Комерцијална традиционално, како општествено одговорна компанија, ќе донира средства на новородени деца.
По повод Светскиот ден на штедењето, Банката ќе им отвори штедни книшки – Детско штедење „Верверичка“ со износ од 5.000,00 денари и ќе им подари штедни касички на сите деца кои ќе се родат на 31 октомври од 00:00 до 24:00 часот во Скопје и во други градови во Републиката во кои Банката има свои филијали и/или експозитури.
За да ги добијат донираните средства, законските застапници на децата родени на 31.10.2019 треба да ги достават потребните документи во Комерцијална банка најдоцна до 31.12.2019 година. Пред да ги достават документите на шалтерите на Банката во Скопје и во други градови, треба да извршат регистрација на нивните деца како даночни обврзници во најблиската регионална дирекција на УЈП, согласно процедурите пропишани од УЈП. Во спротивно Банката нема да биде технички во можност да изврши исплата на средствата.