Комерцијална банка и оваа година е најдобро рангирана македонска банка на ранг-листата SEE TOP 100 најголеми банки во Југоисточна Европа, објавена од порталот SeeNews.com.
Меѓу петте рангирани банки земјава, Комерцијална банка го зазеде првото место според вкупната актива на 31 декември 2022 година, а во конкуренција на над 260 банки во Југоисточна Европа е рангирана на 46 место.
Ранг-листата SEE TOP 100 е традиционално годишно рангирање на банките, кое има за цел да објави факти и бројки за најголемите банки во Југоисточна Европа. Покрај банки, SEE TOP 100 одделно рангира и компании и осигурителни компании. Оваа ранг-листа е всушност сеопфатен и детален водич за економиите во Југоисточна Европа, кој ги презентира бизнисите со најдобри перформанси во секоја земја.
SeeNews е независен меѓународен провајдер на бизнис вести, со фокус на пазарите во развој во Југоисточна Европа.