Комерцијална банка АД Скопје по 14-ти пат беше Ексклузивен спонзор на Наградата „Новите“ на Конкурсот за најдобар прозен дебитантски ракопис, во организација на книгоиздателството „Темплум“, која се додели на 27.12.2019 година во просториите на Младинскиот културен центар.

Со оваа награда се поддржуваат, пред сè, младите и недоволно афирмирани автори. Но, наградата претставува и афирмација на прозното творештво, а нејзината цел е да ги промовира и афирмира новите луѓе, новите тенденции во литературата, новите поетски начела, новите обиди книжевноста да стане општествено повлијателна во секоја смисла, културно, но и економски и медиумски.

Од многуте пристигнати ракописи, наградата за најдобар дебитантски ракопис во 2019 година ја доби Ирена Јурчева за ракописот „Белата е најстрашната боја“.

На годинашниот лауреат Комерцијална банка му додели парична награда во вредност од 92.250,00 денари.