Поради намалување на каматната стапка на благајничките записи, Комерцијална банка АД Скопје донесе одлука, почнувајќи од 01.01.2019 година, да изврши намалување на каматните стапки кај дозволеното пречекорување на трансакциските сметки за физички лица и кај дел од кредитните картички за правни и за физички лица.
Банката писмено ќе ги извести своите клиенти преку изводот од сметката или картичката за настанатите промени кај соодветните продукти.