Над 150 вработени на Комерцијална банка денеска ги засукаа ракавите и заедно со извидниците од Прв Скопски извиднички одред го исчистија Градскиот парк во Скопје.
Втората по ред еко акција на Комерцијална банка, под мотото „Чиста навика“, резултираше со собрани над 60 вреќи отпад.
„Волонтерите од Комерцијална банка со оваа еко акција повторно ги покажаа своите здрави навики и придонесоа нашиот омилен простор, паркот и кејот на Вардар, да станат најдобро место за одмор и рекреација. И најчисто! Вработените со својот тимски дух потврдија дека мал труд, а голем ентузијазам е потребен за да имаме место за живеење со кое сите ќе се гордееме“, велат од Банката.
И годинава, еко акцијата на Комерцијална банка беше поддржана од Пакомак и од Град Скопје. „Чиста навика“, која е дел од стратегијата за општествена одговорност на банката, има за цел да ја подигне свеста за потребата од здрава и чиста средина.