Eдукативна работилница за успешен кариерен развој наменета за студентите се реализира преку воспоставената соработка меѓу Комерцијална банка и Бордот на европски студенти по технологија. Целта е да им се помогне на младите да направат вистински избор при вработувањето, кое е е еден од најголемите предизвици.
Работилницата се одржа во просториите на Банката, каде што студентите од техничките факултети зборуваа со вработените од Дирекцијата за човечки ресурси на темата „Како да се претставите во најдобро светло на интервју за пракса/вработување?“. Исто така, експертите за човечки ресурси ги запознаа студентите и со Законот за работни односи во делот кој ги регулира нивните права и обврски како идни вработени.
Комерцијална банка е одговорна компанија која се грижи за просперитетот на младите, а оттаму и соработката со БЕСТ, преку која придонесува во подготовката на младите за успешен старт на нивната кариера.