„Зелената трансформација“ и енергетската ефикасност се цел и обврска на Комерцијална банка и токму затоа Банката и две компании, клиенти на Комерцијална Банка, учествуваа на конференцијата „ЕБОР ГЕФФ – Позелен Западен Балкан“ во Сараево.
Тимот на Банката одговорен за спроведување на ГЕФФ програмата и управителите на компаниите Еуротерм од Прилеп и Евротехника инженеринг од Кавадарци имаа можност да ги дознаат најновите насоки од ГЕФФ за максимален ефект од оваа програма за финансирање на „зелената економија“ на Западен Балкан (WB GEFF).
На конференцијата, на која имаше над 200 учесници, се обележа успехот на GEFF Програмата, која Комерцијална банка активно ја спроведува и со тоа придонесува за подобра енергетска ефикасност на домаќинствата во земјава. Заради овој придонес, на Комерцијална банка ѝ беше доделена и награда за вонредно постигнување.
Комерцијална банка, компаниите Еуротерм и Евротехника инжинеринг, како и ГЕФФ програмата на ЕБРД, имаат иста цел – да им обезбедат финансиска и стручна поддршка и инструменти на граѓаните за да инвестираат во енергетска ефикасност, да ги намалат трошоците за енергија и да придонесат за почиста и поздрава околина.
Токму затоа, информациите, искуството и контактите стекнати на конференцијата во Сараево ќе помогнат уште полесно да стигнеме заедно до оваа цел.