Kомерцијална банка АД Скопје ја известува јавноста дека ја разгледува можноста за стекнување акции издадени од Еуростандард банка АД Скопје, поради што е остварен контакт со раководството на банката за првична размена на информации. 
Во оваа рана фаза постапката не претставува намера за преземање и во ниту еден аспект нема обврзувачки карактер, освен да го изрази првичниот интерес во рамки на претходна постапка да се стекнат информации, врз основа на кои би се дефинирала евентуална намера за преземање во иднина. Поради тоа, ова Известување не треба да се толкува како официјална Намера за преземање на акциите издадени од Еуростандард банка АД Скопје.