Сите барања за купување граѓанска обврзница се стопроцентно реализирани и кај издавачот е запишан целокупниот уплатен номинален износ од понудата, информираат од Комерцијална банка.

Ова се однесува за аукцијата што се одржа на седми месецов, односно за сите индиректни учесници, кои во периодот 18 октомври па се до шести ноември преку Комецијална банка поднеле барање за купување граѓански обврзници од втората емисија.

Исто така, од Банката информираат дека до граѓаните ќе испрати поединечно известување за купените граѓански обврзници, на начинот наведен во пополнетото барање за извршување на таа активност.