По повод Светскиот ден на гладта, 16-ти oктомври, вработените и менаџментот на Комерцијална банка АД Скопје и оваа година донираа прехранбени производи на ранливи групи граѓани.
Со несебична поддршка и помош од вработените и во соработка со Црвениот крст, Комерцијална банка обезбеди 28 пакети храна кои беа дистрибуирани до социјално загрозените семејства и поединци.
Како општествено одговорна компанија, Комерцијална банка со оваа акција дава свој придонес во намалување на сиромаштијата и подигање на свеста за потребата од поголема грижа на квалитетот на животот во нашето општество.