Комерцијална банка во соработка со Сојузот на извидници на Македонија станува горд „Зелен поборник“ во рамките на најголемата волонтерска иницијатива „Боренка“.
Во општествената одговорност како успешна приказна на Банката, оваа година се посветуваме и на пошумување опожарени подрачја во земјава со цел поздрава и почиста животна средина.
Дополнително, Банката ќе засади и по едно дрво за секој нов клиент до 29 години кој ќе почне да го користи Пакетот за млади.
Како „Зелени поборници“ ќе пошумуваме, но и ќе едуцираме. Верверичката на Комерцијална банка преку едукативни работилници ќе ги учи децата од предучилишна и училишна возраст зошто шумата значи живот.
Подигнувањето на свеста за зачувување на животната средина и одговорното однесување кон природата бара вклученост и придонес од сите нас.
Да бидеме општествено одговорни!