По вчерашните технички проблеми со сервисите на Комерцијална Банка А. Д. Скопје, утрово од банката известија дека клиентите можат да ги користат кредитните картички и банкоматите на банката, а дека дополнително се работи на корекција на дефектот во другите сервиси на банката.
Имено, доцна вчера, банката извести за дефект во сервисите на банката и проблем при пристапувањето кон веб страната и електронското банкарство на банката, како и дека активно се работи на отстранување на дефектот.
Комерцијална Банка А.Д. Скопје се извинува на клиентите за овој технички проблем и превзема итни мерки за негово отстранување и во најскоро време враќање на полната функционалност на сервисите.