За потрошувачките ненаменски кредити на Комерцијална банка АД Скопје отсега може да аплицирате и електронски (online). За сите физички лица, корисници на услугата електронска банка, кои имаат опција за плаќање, Комерцијална овозможи побрза и поедноставна постапка преку online аплицирањето.
Со оваа опција, заинтересираните клиенти може да аплицираат за следните кредити:
  • Потрошувачки кредит до 30.000 евра со ЕУР клаузула. Повеќе за условите на следниот линк.
  • Потрошувачки кредит до 600.000 денари без жиранти. Повеќе за условите на следниот линк.
  • Тип Топ Потрошувачки кредит. Повеќе за условите на следниот линк.
  • Кредит врз основа на меница без жирант. Повеќе околу условите на следниот линк.
  • Кредит за пензиoнери. Повеќе за условите на следниот линк.

 

Со најава на интернет банката, корисниците ќе може да ја одберат оваа опција во менито под називот „Online апликации“.

За да се пополнат и внесат барањето за кредит и потребните документи во наведениот формат, кредитобарателот треба да има важечка листа на кодови за плаќање. За статусот на поднесеното барање, кредитобарателот ќе може да се информира преку истата апликација.