Следејќи ги најсовремените технолошки решенија, Комерцијална банка на своите клиенти им овозможува уплата и исплата на готовина преку своите современи банкомати поставени на повеќе локации низ земјава. Користете ги овие погодности и избегнете ја потребата од посета на банка.

Банкоматите ги прифаќаат сите книжни и полимерни банкноти во апоени од 10, 50, 100, 200, 500, 1.000 и 2.000 денари.

Локации на банкомати на кои може да се врши уплата: експозитурите во Скопје – Ѓорче Петров, Ченто, Маџари, ГТЦ 1, Лептокарија, Буњаковец, Бисер, Автокомандa, 11 Октомври, Стопанска комора и во трговските центри Скопје Сити мол и Капитол мол, како и во филијалите во Штип, Струмица, Охрид и во Прилеп.

Мрежата на банкомати на Комерцијална банка АД Скопје може да ја погледнете на следниот линк.